Кога овие кифлички се прават, никој не сака да излезе од дома. Се чекаат топли, меки, неодоливо вкусни. Нема насит 🙂 По рецепт на Лилјана Стојановска.
Состојки:
- 1/2 литар млеко
- 1 квасец
- 2 лажички сол
- 4 лажички шеќер
- 150 мл масло за готвење
- 1 – 1.3 кг брашно
Начин на готвење:
- Во млакото млеко ги додаваме квасецот, шеќерот и солта. Го оставаме квасецот да стаса.
- Во сад за месење го ставаме брашното, го додаваме стасаниот квасец и маслото за готвење.
- Замесуваме смеса додека не добиеме меко тесто. Тестото го оставаме да стаса.
- Стасаното тесто се дели на четири дела.
- Од секој дел се расукува тенка кора, се премачкува со маргарин и се сече на четири дела. Секоја четвртина се дели на уште четири дела.
- Од добиените четвртинки се прават кифли и се редат во плех за печење претходно премачкан со маргарин.
- Кифлите се остваат уште кратко време да стасаат па потоа се премачкуваат со жолчка и се наросуваат со сусам.
- Се печат околу 20 минути на температура од 250 степени.
Готви со љубов и уживај во храната 🙂