Како да зготвите вкусен лосос?

Како да зготвите вкусен лосос?

Рибата е сè поприсутна на нашата трпеза поради нејзиниот вкус, но и поради огромниот број на здрави состојки и омега 3. Еве како да приготвите вкусен лосос по рецепт на Сунчица.

Состојки:

  • 2 парчиња лосос
  • лимон
  • бело вино
  • маслиново масло
  • црвен кромид
  • шери домати
  • мала тегла песто сос
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Парчињата лосос се ставаат во сад. Се мачкаат со сол, се цеди лимон врз нив и се става малку бело вино. Вака подготвениот лосос го оставаме да отстои половина час.
  2. Во тавче за пржење посипуваме маслиново масло за готвење. Парчињата лосос се пржат од сите страни додека не заруменат. Кога ќе бидат готови ги вадиме да се исцедат и ги ставаме во сад за сервирање.
  3. Во истата тава во која го пржевме лососот ставаме црвен кромид  претходно исецкан на тенки кругови. Пржиме додека да се карамелизира. Во тавата додаваме шери домати исечени на половинки.

Сунчица го сервира лососот одозгора премачкан со песто сос. Освен со кромидот кој го подготвивме, лосост оди одлично и во комбинација со салата од варени компири, рукола и капери зачинета со маслиново масло и балсамико по желба. Добар апетит 🙂

 

singlepost_text