Печурки во бел сос

Печурки во бел сос

Некогаш највкусните јадења најбрзо се готват. Објавуваме Gotvi.mk предлог за вкусни печурки во бел сос по рецепт на Леа.

Состојки:

  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1/2 килограм свежи печурки
  • павлака за готвење
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Кромидот или младите кромодчиња и лукот се сецкаат ситно и се ставаат во сад за пржење.
  2. Се пропржуваат со малку масло за готвење.
  3. Печурките се мијат и се сецкаат. Се додаваат во садот со веќе пропржените кромид и лук.
  4. Додаваме сол, бибер и зачини по желба.
  5. На крајот, пред да го тргнеме од шпорет, во садот додаваме и павлака за готвење. Колилчината е по вкус, се разбира 🙂

Ние ги сервиравме со ориз и зелена салата.

На здравје!

singlepost_text