Вегетаријанска пица

Вегетаријанска пица

Сандра Мицковска ни го испраќа овој рецепт и фотографија за подготовка на превкусна вегетаријанска пица. Еве како да ја направите оваа вистинска мајсторија.

Состојки:

  • 1 големо готово тесто за пица
  • растителен кашкавал
  • кечап
  • тиквичка
  • шери домати
  • печурки
  • оригано
  • сусам

Начин на готвење:

  1. Тестото премачкајте го со четка за готвење со маслиново масло или маргарин преку целата површина.
  2. Нанесете кечап врз целото тест.
  3. Изрендајте го кашкавалот или користете кашкавал исецкан на ленти. Наредете рамномерно одозгора.
  4. Шери доматите исецкајте ги на парчиња, а тиквичката на тркалца. Печурките исецкајте ги тенко.
  5. Наредете ги овие состојки врз пицата по следниот редослед: тиквици, печурки, шери домати.
  6. Одозгора посипете оригано и сусам по вкус.
  7. Печеме во претходно загреана рерна 10 до 15 минути на температура од 180 степени.

Браво Сандра!

Гответе со љубов и уживајте во храната 🙂

singlepost_text