Ресана торта

Ресана торта

Домашна ресана или јафа торта која се прави многу едноставно, а секој кој ќе ја проба, ќе побара репете 🙂

Состојки:

  • 3 кори пандишпан
  • 2 пудинга од ванила
  • 5 жолчки
  • 5 лажици шеќер
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 200 гр црно чоколадо
  • 200 гр чоколадо за готвење

Начин на готвење:

  1. Глазура од слатко од портокал или карамелизиран свеж портокал
  2. Направете бел фил – золчките се приготвуваат на пареа и се додаваат заедно шеќерот во пудингот од ванила кој сте го подготвиле претходно според упатството на кесичката. Измешајте ја смесата.
  3. Направете чоколаден фил – Растопете го црното чоколадо и додадете го во садот со претходно зготвените пудинзи од чоколадо. Измешајте ја смесата.
  4. Растопете го чоколадото за готвење на пареа.
  5. Започнете со редење. Ставете го првиот пандишпан. Премачкајте го со слој од растопеното чоколадо за готвење. По целата површина на пандишпанот рамномерно нанесете го белиот фил.
  6. Ставете го вториот пандишпан. Премачкајте го со слој од растопеното чоколадо за готвење. По целата површина на пандишпанот рамномерно нанесете го чоколадниот фил.
  7. Ставете ја најодозгора третата кора пандишпан. Украсете со глазура од слатко од портокал или карамелизиран портокал.

На здравје!

singlepost_text