Чиа пудинг

Чиа пудинг

Вкусно, едноставно, лесно, веге и супер здраво. Овој едноставен веге пудинг е вистинска бомба за да го започнете денот полни со енергија. Семето чиа е полно со витамини, антиоксиданси, омега – 3 и омега – 6 масни киселини и протеини. Покрај тоа ви дава неверојатна енергија и чуство на ситост се до ручекот. Одлично е и како замена за чоколади и слатки кога ви се јаде нешто благо,. Еве го рецептот на Бојана Атанасова

Состојки

  • 2 супени лажици чиа семе
  • 125 мл млеко
  • 1 супена лажица екстракт од ванила
  • 1 супена лажица јаворов сируп или мед
  • сезонско овошје за декорација

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете го чиа семето и додадете го млекото. Млекото со вкус на ванила или бадеми ќе му дадат уште подобар вкус, но може да користите и обично полномасно млеко или соја млеко.
  2. Додадете го екстрактот од ванила и јаворовиот сируп. Како замена за јаворов сируп можете да ставите и мед.
  3. Се убаво измешајте и оставете го барем 2-3 часа во фрижидер. Уште подобро е да го оставите цела ноќ во фрижидер и утрото ќе имате супер здрав доручек. 
  4. Кога ќе го извадите од фрижидер убаво промешајте. Семето чиа има моќ да го абсорбира млекото и да го зголеми својот волумен правејќи ја смесата како пудинг.
  5. Сервирајте во големи чаши со сезонско овошје. Ние користевме боровница, јагоди и банана. По желба можете да изрендате и малку чоколадо. 

Гответе со љубов и уживајте во храната!

singlepost_text