Gotvi.mk рецепт за превкусни вафли.
Состојки:
- 200 гр маргарин или путер
- 50 гр шеќер
- 4 јајца
- 350 гр брашно
- 150-200 мл млеко
- 1 прашок за печиво
Начин на готвење:
- Во сад за матење ставете ги маргаринот и шеќерот и убаво обработете ги со миксер.
- Постепено додавајте ги и другите состојки.
- Матиме додека не добиеме компактна смеса.
- Со голема лажица за ставање супа нанесете го тестото на тостер за вафли.
- Печете по ваш вкус.
Можете да комбинирате со џем, крем, топено чоколадо и сè што ви е по желба 🙂
На здравје!