За вкусен ручек пригответе селско месо по многу едноставен рецепт. Уживај во готвењето со љубов 🙂
Состојки:
- 500 гр свинско месо
- 150 гр печурки
- 1 кромид
- 1 чешне лук
- нане
- бибер
- сол
- црвена пиперка
Начин на готвење:
- Месото иситнете го на коцки и ставете го во загреана тава да се запржи. По желба можете да готвите со друг вид на месо или мешавина од повеќе видови месо (телешко, свинско, пилешко или мелено).
- Додадете кромид, лук, нане, печурки, црвен бибер и црвена лута пиперка, оставете ги состојките да се запржат околу 5-10 минути додека аромите не се измешаат.
- Потоа додадете една чаша вода и половина чаша црвено вино и оставете на среден оган да се динста со затворен капак.
- Во текот на динстањето по потреба додадете уште малку вода.
- Оставете да се динста 45-50 минути се додека содржината во тавата не се згусне.
На здравје!