Свежите салати се одлични како предјадење. Меѓутоа, оваа салата која е збогатена со парчиња моцарела може да замени и еден цел оброк, особено во комбинација со лепче, форнарини или двопек.
Состојки:
- зелена салата
- кромид
- домат
- моцарела
- маслиново масло
Начин на готвење:
- Состојките комбинирајте го според ваш вкус.
- Зелената салата, кромидот и доматите исецкајте ги на парчиња.
- Ставете ги во сад за послужување.
- Моцарелата исецкајте ја елипсовидно или на кругови и додајте ја одозгора.
- Прелијте со маслиново масло. По желба додадете и оцет балсамико.
Добар апетит!