Брз и вкусен рецепт кој е идеален како предјадење, а особено кога ќе ви дојдат гости. Можете да ги послужите со даска со млечни, сувомеснати, намази, макала или поховани производи. Ние готвевме по рецепт на Иле. Еве како:
Состојки:
- 4 поголеми домати
- босилок
- сецкан лук по желба
- сол и бибер
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици винска киселина
Начин на готвење:
- Се земаат доматите и се ставаат во сад со зовриена вода околу 1 мин за да омекнат и да се излупат.
- Потоа, секој домат се сече на 4 парчиња и се отстрануваат семките.
- Доматите се сечат на мали коцки.
- Се ставаат во сад каде се додаваат босилокот, лукот, зачините, маслиновото масло и оцетот. Измешајте го и ќе добиете фил.
- Во тавче се редат брускетите со страната на која се претходно премачкани со маслиново масло надолу.
- Се ставаат да се печат во претходно добро загреана рерна.
- Откако ќе се запечат во рерната се превртуваат и на намачканата страна со маслиново масло се става од претходно направениот фил од домат.
Готви со љубов и уживај во храната 🙂
Поврзани Gotvi.mk рецепти:
Рецепт за сирење во фурна тука
Рецепт за топено сирење со сланина тука
Повеќе рецепти кои содржат сирење тука