Макало од лук и моркови

Макало од лук и моркови

Различни макала за секое време од годината. Погледнете како да го припремите овој здрав прилог на многу јадења по рецепт на Мартина:

Состојки:

  • 1 глава лук (околу 8 чешниња)
  • 1 обарен морков
  • 50 ml маслиново масло
  • 1 прстофат рузмарин или мајчина душичка
  • сол

Начин на готвење:

  1. Во сад за сецкање се ставаат сите состојки (излупената глава лук, морковот и зачините) и постепено се додава маслото при пасирањето.
  2. Штом се добие компактна смеса, макалото е готово и спремно за сервирање.
  3. Макалото направете го според ваш вкус, односно додадете помалку или повеќе лук.

На здравје!

singlepost_text