Зорица ни откри рецепт за брза пита која можете да ја направите буквално по ваш вкус. И што е најважно, во зависност од состојките секогаш ќе ја приготвувате различно 🙂
Состојки:
- 3 јајца
- 1 чаша 0,2 дл млеко
- 1 чаша 0,2 дл масло за јадење
- 1 кафена лажица сол
- 16 лажици брашно
- 1 пециво
- сирење, спанаќ, праз, салама, кашкавал и друго по желба
Начин на готвење:
- Јајцата, млекото, маслото за јадење, солта, брашното и прашокот за пециво се стават во длабок сад и се матат со миксер додека не се соединат во компактно тесто.
- Потоа ги додаваме состојките со кои сакаме да ја подготвиме оваа пита. Ние ставивме од она што го имаме во фрижидер.
- Сè се меша со дрвена лажица и се става во тава.
- Се пече во претходно загреана рерна помеѓу 25 и 30 минути на температура 200 степени.
- На крај сервирајте во голема чинија и украсете ја. Ние украсивме со чајна салама од Пекабеско.
Превкусно! Готви со љубов.