Најчесто тостот го приготвуваме на стандарден начин. Еве Gotvi.mk предлог за еден поинаков, домаќински тост.
Состојки:
- тост лепчиња
- бело мешано сирење
- шунка
- печурки
- маргарин или путер
Начин на подготовка:
- Лепчињата ги мачкате со малку маргарин од внатрешната страна.
- Врз едниот тост леб нанесувате од сирењето кое е рендани, малку подебело парче шунка и сечкани печурки.
- Поклопите со вториот тост леб и ставете на тостер.
- По кратко време премачкајте го тостот од надворешната страна со малку маргарин и вратете го на тостерот.
- Притиснете убаво додека сирењето не се стопи.
Уживајте во вкусот на храната и гответе со љубов 🙂