Бујурди – топено сирење

Бујурди – топено сирење

Овој грчки специјалитет Иле вели дека често го подготвува како предјадење или за време на викендот кога ке му се најават гости. Состојките се за подготовка на бујурди за 2 лица.

Состојки:

  • 100 гр фета сирење
  • 100 гр кашкавал гауда
  • 100 гр козјо сирење
  • 2 домати
  • 1 чешне лук
  • 1 црвени или жолти пиперки
  • 1 лута пиперка
  • црн бибер, пола лажичка оригано и магдонос по желба

Начин на готвење:

  1. Сè се сече на коцки и во претходно премачкано глинено тавче се реди по следниот редослед: домат, фета сирење, лута пиперка, кашкавал гауда, пиперка, козјо сирење и на крај по по едно тенко парче гауда за да се запече.
  2. Се додаваат и зачините и се пече 15 мин во претходно загреана рерна на температура од 200 степени.
  3. Пред крајот одозгора наредете тенко исечен домат на парчиња.

Добар апетит!

Поврзани Gotvi.mk рецепти:

Рецепт за сирење во фурна тука

Рецепт за топено сирење со сланина тука

Повеќе рецепти кои содржат сирење тука

Похован кашкавал

Шарска плескавица

 

ФОТО: Андриана Николоска

singlepost_text