Некои денови се понапорни од другите. За да ја вратите енергијата, останете сити и успеете да завршите сè навреме, Леа препорачува да се напиете чаша од овој витамински микс. Еве што ви е потребно за да го подготвите.
Состојки:
- свежи или замрзнати капини
- свежи или замрзнати вишни
- кефир или јогурт
- ленено семе
- ореви или лешници
- цимет
- благи бисквити
Начин на подготовка:
- Комбинацијата и балансот на состојките направете го според вашиот вкус.
- Ставете сè заедно во сад и блендирајте.
- Се послужува со дел од состојките одозгора по желба.
Доколку сакате да биде поблаго на вкус, можете да додадете и мед. На здравје!