Пица а ла Бица

Пица а ла Бица

Волку вкусен рецепт за пица досега не сте пробале. Фала Билјана за рецептот, како и за дегустацијата. Еве што ви е потребно за оваа пица:

Состојки:

  • 2 готови теста за пица
  • 300 грама кашкавал
  • 200 грама шунка
  • 4 парчиња топено сирење
  • 15 маслинки
  • 1 црвена пиперка
  • 5 шери домати
  • млад кромид
  • доматно пире
  • маслиново масло
  • оригано

Начин на готвење:

  1. Тестото премачкајте го со четка за готвење со маслиново масло преку целата површина.
  2. Нанесете доматно пире или кечап врз целото тест.
  3. Ја рендаме шунката и ја нанесуваме врз премачканото тесто. Ние користевме шунка од Пекабеско.
  4. Кашкавалот кој е исецкан на ленти го редиме рамномерно одозгора.
  5. Ги сецкаме младиот кромид и маслинките на кругчиња и ги нанесуваме врз кашкавалот.
  6. Пиперката ја сечеме на ленти, а шери доматите на четвртинки. Ги додаваме одозгора.
  7. Топеното сирење дотогаш го чуваме во фрижидер за да не се растопат. Вадиме 4 парчиња и ги сецкаме на коцки.
  8. Одозгора посипуваме оригано по вкус.
  9. Печеме во претходно загреана рерна 10 до 15 минути на температура од 180 степени.

Откако ќе се испече пицата, можете да додадете парчиња свежа рукола или млад спанаќ.

singlepost_text