Волку вкусен рецепт за пица досега не сте пробале. Фала Билјана за рецептот, како и за дегустацијата. Еве што ви е потребно за оваа пица:
Состојки:
- 2 готови теста за пица
- 300 грама кашкавал
- 200 грама шунка
- 4 парчиња топено сирење
- 15 маслинки
- 1 црвена пиперка
- 5 шери домати
- млад кромид
- доматно пире
- маслиново масло
- оригано
Начин на готвење:
- Тестото премачкајте го со четка за готвење со маслиново масло преку целата површина.
- Нанесете доматно пире или кечап врз целото тест.
- Ја рендаме шунката и ја нанесуваме врз премачканото тесто. Ние користевме шунка од Пекабеско.
- Кашкавалот кој е исецкан на ленти го редиме рамномерно одозгора.
- Ги сецкаме младиот кромид и маслинките на кругчиња и ги нанесуваме врз кашкавалот.
- Пиперката ја сечеме на ленти, а шери доматите на четвртинки. Ги додаваме одозгора.
- Топеното сирење дотогаш го чуваме во фрижидер за да не се растопат. Вадиме 4 парчиња и ги сецкаме на коцки.
- Одозгора посипуваме оригано по вкус.
- Печеме во претходно загреана рерна 10 до 15 минути на температура од 180 степени.
Откако ќе се испече пицата, можете да додадете парчиња свежа рукола или млад спанаќ.