Куглоф колач

Куглоф колач

Многу популарен десерт во нашиот регион, а релативно непознат за западниот дел на Европа. Но, кој и да го пробал, веднаш сака да го има овој рецепт на Гордана.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 18 лажици брашно
  • 18 лажици шеќер
  • 18 лажици млеко
  • 18 лажици масло за готвење
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 100 гр ореви
  • 2 реда чоколадо за готвење
  • кора од портокал
  • сок од половина портокал и цимет

Начин на готвење:

  1. Се матат јајцата заедно со шеќерот со миксер околу 10 минути.
  2. Ги додаваме млекото, маслото, брашното, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер, сецканите ореви, кората од портокал и сокот.
  3. Се промешува убаво. Па се додава половина од смесата во калапот за куглоф кој е претходно премачкан со масло за готвење.
  4. Во другата половина од смесата се додава чоколадото кое е претходно стопено или пак 3 големи лажици какао.
  5. Истураме врз првата половина која ја ставивме во калапот за куглоф
  6. Ставаме да се пече половина час на температура од 180 степени.
  7. Откако ќе се испече се послужува на тркалезна чинија. Може да се украси со шеќер во прав или, пак, со растопена чоколада.

Уживај во храната и готви со љубов 🙂

singlepost_text