Пекабеско донираше пакети со храна за социјално загрозени семејства

Пекабеско донираше пакети со храна за социјално загрозени семејства

Во соработка со Црвен Крст на Град Скопје, Пекабеско подели 30 пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства

Поттикнати од хуманите луѓе и организации, како и со искрена желба за поддршка, Пекабеско повторно донираше пакети со храна наменети за социјално загрозените семејства.

Во текот на оваа недела беа донирани 30 пакети со храна, а на крајот од минатата година Пекабеско ги донираше првите 27 пакети наменети за социјално загрозени семејства.

Акцијата, која компанијата ја спроведува заедно со Facebook заедницата е наречена „Секој твој лајк помага“, а Пекабеско за секој нов лајк на страната на Facebook одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозените семејства.

Од компанијата велат дека оваа акција е одлично прифатена од Facebook заедницата и ќе продолжи да се спроведува и во иднина. Тие се надеваат дека оваа континуирана општествено одговорна акција на Пекабеско ќе биде поттик и за други компании да иницираат активности со кои ќе помогнат на заедницата кога тоа е најпотребно.

Од Пекабеско ја поздравија и одличната соработка која изминативе месеци ја имаат со одговорните, вработените и волонтерите во Црвениот Крст на Град Скопје и која се убедени дека ќе продолжи и ќе се прошири во иднина.

Од компанијата се заблагодаруваат на хуманите граѓани кои досега помогнале за успешно реализирање на оваа хумана активност и ги повикуваат сите кои сакаат да помогнат, да го сторат тоа со лајк на нивната Facebook страна: https://www.facebook.com/Pekabesko