Буденик со урда и рукола

Буденик со урда и рукола

Буденикот (пита) е многу вкусен специјалитет кој по избор можете да го направите со спанаќ, чварки, печурки, праз… Јелица подготвила буденик со урда и рукола. Еве го рецептот кој ни го прати:

Состојки:

  • 1 кг наменско брашно
  • 600 мл вода
  • 1 коцка квасец
  • 1 супена лажица сол
  • 1 мала лажичка шеќер
  • маргарин
  • рукола
  • урда
  • ким

Начин на готвење:

  1. Од првите 5 состојки состојките се меси тесто кои се дели на 6 топчиња.
  2. Секое топче се расукува на кори кои се премачкуваат со маргарин или свинска маст и сè се поклопува со друга кора.
  3. На овој начин добиваме три кори. Од секоја се прави голема кора, се става во плех кој е претходно намачкан со масло за готвење.
  4. Се пропрскува со масло, се додаваат урдата и сецканата рукола.
  5. Постапката се повторува и со другите две кори.
  6. На крај се премачкува со јајце и се додава ким.
  7. Се остава да нарасне околу 40 минути, се сече на парчиња и се става во претходно загреана фурна да се пече 35-40 минути на температура од 200 степени.

Готви со љубов и уживај во храната!

singlepost_text