Љубители на благ ориз, ова е рецепт за вас. Богатство на вкусови и одлично балансиран десерт. Еве што ви е потребно:
Состојки:
- 1 литар млеко
- 2000 мл вода
- 1,5 шолји ориз
- 15-16 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 лажица масло за готвење
- рендана кора од лимон (по желба)
- сезонско и егзотично овошје
Начин на готвење:
- Млекото се става во сад за варење.
- Се додава шеќерот, ванилиниот шеќер и маслото за готвење.
- Се вари додека не зоврие.
- Во меѓувреме оризот го миеме и го враќаме во шолјата малку да набабри.
- Кога ќе зоврие млекото се додава набабрениот ориз.
- Вариме околу 1 час на тивок оган. Повремено промешуваме за да не загори. Доколку во текот на варењето сутлијашот почне премноги да се згуснува, додаваме 200 мл вода и продолжуваме со варењето.
- Чашите за послужување ги миеме и ги оставаме влажни. Во нив го сервираме сутлијашот.
- Додаваме цимет, а украсуваме со сезонски и егзотични овошја или слатко по вкус.
За побогат вкус во текот на варењето можете да додадете и рендана кора од лимон.
Готви со љубов и уживај во храната 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот