Празнична погача

Празнична погача

Ова маестрално дело ни го испраќа Николина која го препорачува за секоја празнична трпеза. Еве како да ја подготвите оваа погача:

Состојки:

  • 1 кг брашно бело
  • 40 гр свеж квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 2 јајца
  • 150 мл масло
  • 100 мл млеко
  • 2 лажици сол
  • Околу 300 мл вода
  • 125 гр путер
  • 1 јајце за премачкување
  • маргарин
  • сусам

Начин на готвење:

  1. Квасецот се разматува со една чаша топла вода, се додава шеќерот и две лажици од брашното за да се добие кашеста смеса која се остава да стасува.
  2. Стасаниот квасец се замесува со брашното, јајцата, маслото, млекото, солта и остатокот од водата.
    Убаво се меси додека да се добие мазно тесто  кое се остава да нарасне на топло и да го удвои волуменот.
  3. Тестото се дели на три дела, од секој дел се сука кора која се премачкува со путер и по желба се става фил.
  4. Филот може да биде од рендано сирење, спанаќ, маслинки, односно по ваша желба.
  5. Се мота во ролат се сече на парчиња(дебелина три прсти) и се редат исправени во круг во тепсијата.
  6. Се остава уште 20 мин. да стаса и се премачкува со јајцето, маргарин и сусам по желба.
  7. Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 45 минути.
  8. Откако ќе поминат првите 15 минути намалете ја температурата во рерната на 180 степени.

Уживајте во овој совршен вкус 🙂

singlepost_text