Кифли на војводински начин

Кифли на војводински начин

Купус кифлите или кифли на војводински начин се нов специјалитет кој ни го испраќа Ана. Многу интересен и вкусен рецепт кој мора да го пробате.

Состојки:

  • 2 јајца
  • маргарин
  • масло за готвење

Состојки за подготовка на тестото:

  • 1/2 литар млеко
  • 2 лажици сол
  • 4 лажици шеќер
  • 1 квасец
  • 1 шоља масло за готвење
  • 1 кг брашно

Начин на готвење:

  1. Од состојките за тесто замесете го тестото кое нема да биде ниту тврдо, ни меко.
  2. Го делиме тестото на 2 дела.
  3. Од едната половина растегнуваме една кора. Премачкајте ја со маргарин кој претходно е изматен со 2 жолчки.
  4. Свиткајте во форма на палачинка.
  5. Исечете во форма на триаголници и ставете ги во подмачкан плех за печење.
  6. Истото повторете го и со вториот дел од тестото.
  7. Изматете ги белките и премачкајте ги триаголниците кои се во плехот за печење. По вкус додадете сусам или сончоглед.
  8. Оставете го да стасува околу 1 час. Потоа печете го во загреана рерна по ваш вкус.

Уживај и готви со љубов 🙂

singlepost_text