Ова маестрално дело ни го испраќа Николина која го препорачува за секоја празнична трпеза. Еве како да ја подготвите оваа погача:
Состојки:
- 1 кг брашно бело
- 40 гр свеж квасец
- 2 лажици шеќер
- 2 јајца
- 150 мл масло
- 100 мл млеко
- 2 лажици сол
- Околу 300 мл вода
- 125 гр путер
- 1 јајце за премачкување
- маргарин
- сусам
Начин на готвење:
- Квасецот се разматува со една чаша топла вода, се додава шеќерот и две лажици од брашното за да се добие кашеста смеса која се остава да стасува.
- Стасаниот квасец се замесува со брашното, јајцата, маслото, млекото, солта и остатокот од водата.
Убаво се меси додека да се добие мазно тесто кое се остава да нарасне на топло и да го удвои волуменот. - Тестото се дели на три дела, од секој дел се сука кора која се премачкува со путер и по желба се става фил.
- Филот може да биде од рендано сирење, спанаќ, маслинки, односно по ваша желба.
- Се мота во ролат се сече на парчиња(дебелина три прсти) и се редат исправени во круг во тепсијата.
- Се остава уште 20 мин. да стаса и се премачкува со јајцето, маргарин и сусам по желба.
- Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 45 минути.
- Откако ќе поминат првите 15 минути намалете ја температурата во рерната на 180 степени.
Уживајте во овој совршен вкус 🙂