Неодоливи чоколадни еклери

Неодоливи чоколадни еклери

Секој рецепт за подготовка на еклери има своја убаина и различен вкус. Тајната на нашиот рецепт е одличниот баланс помеѓу вкусот на еклерите и многу чоколаден прелив или стопено чоколади. Еве како да ги зготвите овие неодоливи еклери:

Состојки за подготовка на тестото за еклери:

  • 200 мл вода
  • 130 мл масло за готвење
  • 140 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 4 јајца

Состојки за подготовка на филот:

  • 18 лажици брашно
  • 20 лажици шеќер
  • 4 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 литар млеко
  • 1/2 шоља вода
  • 1 пакување маргарин

Начин на готвење:

  1. Најпрво ставете ја водата во сад, додадете го маслото за готвење и оставете ги неколку минути да зовријат.
  2. Додајте ги брашното и пецивото, промешајте додека да се добие густа смеса, а потоа оставете тестото да се олади.
    Откако ке биде добро оладено додавајте ги јајцата едно по едно и убаво мешајте додека да се впијат во тестото.
  3. Тавата премачкајте ја со малку масло и брашно и со мала кафена лажичка ставете од смесата да се пече на температура од околу 225 степени во период од 30 минути.
  4. Откако ќе завршите со печење, оставете ги еклерите да се оладат и исечете ги на половина по должина.
  5. Во подлабок сад ставете ги брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер заедно со половина од млекото и промешајте ја целата смеса убаво за да нема грутки.
  6. Процедете ја смесата неколку пати.
  7. Во друг сад на оган ставете го останатото млеко и водата да зовријат. Додајте ја претходно исцедената смеса заедно да се варат се додека не дојде до згуснување.
  8. Потоа измешајте го растопениот маргарин со веќе оладениот фил.
  9. Наполнете ги еклерите со фил.
  10. Прелијте ги со многу чоколаден прелив или растопено чоколадо.

Готви со љубов 🙂