Одличен рецепт за вкусни погачици кој ни го испраќаат Бисера и Билјана Делови. Еве како ги подготвите:
Состојки:
- 1кг брашно
- 1/2 литар млеко
- 1 квасец
- 1 пециво
- 1 лажица сол
- 50 гр семки од тиква
- 50 гр сончоглед
- 50 гр сусам
- 50 гр ленено семе
- жолчка
- маргарин
Начин на готвење:
- Се замесува се заедно и се остава да стаса околу 40 минути.
- Кога ќе стаса се расукува кора дебела колку еден прст и се сечат мали погачици со чаша.
- Секоја погачица се премачкува со жолчка и врз неа се става малку маргарин.
Уживајте во готвењето 🙂