Калоричен, но вкусен оброк кој можете да го поделите со својот пријател или пријателка 🙂
Состојки:
- 200 гр мешано сирење
- 100 гр кравји кашкавал
- 100 гр сланина сецкана на коцки
- 100 гр маринирани печурки
- маслиново масло
Начин на готвење:
- Ставете го сирењето во длабок глинен сад, а врз сирењето ставете дебело исечено парче кашкавал.
- Сланината исечете ја на коцки. И печурките исецкајте ги и додајте ги во садот со малку маслиново масло и нане или оригано.
- Ставете го глинениот сад со состојките во загреана рерна на 200 степени и оставете да се топи 15-20 минути, а во меѓувреме промешајте неколкупати со дрвена лажица.
- На крај откако ќе го извадите сирењето да се лади можете да додадете свеж домат.
- По избор наместо сланина можете да додадете свински врат или печеница и малку феферонки за лут вкус.
Уживајте и на здравје!