Тава полна здравје

Тава полна здравје

Одлично јадење со кое внесуваме доволна доза на зеленчук. Многу е вкусно како главно јадење, а за оние кои сакаат повеќе може да го искористат како топло предјадење.

Состојки:

  • 1 чаша ориз
  • 3 чаши вода
  • 1/2 чаша леќа
  • 1кромид
  • 1 пакување златна мешавина
  • ловоров лист
  • магдонос
  • зачини (сол, црн бибер и други по вкус)

Начин на готвење:

  1. Убаво измијте го оризот и ставете го во тавче на загреано масло да се пржи.
  2. Откако малку ке се запржи, додадете чаша вода, леќата и исецканиот кромид. Оставете да се пропржат заедно.
  3. Потоа ставете ја и златната мешавина и промешајте да се соединат вкусовите.
  4. Откако ќе изврие водата дополнете уште една чаша млака вода за да може убаво да се зготви целиот зеленчук.
  5. На крај зачинете по вкус.

Добар апетит!