Паста и сос по домашен рецепт

Паста и сос по домашен рецепт

Тестенините според многу истражувања се број еден избор на многумина. Ви го откриваме сочниот и неодолив Gotvi.mk рецепт за подготовка на сос за паста.

Состојки:

  • 250 гр мелено телешко или мешано месо
  • 200 гр печурки
  • 1 глава кромид
  • 2 чешниња лук
  • 200 гр проќељ исечени на половинки
  • 2-3 моркови (пола рендани, пола на кругови)
  • 50 гр сончоглед лупен
  • 50 гр сусам интегрален
  • 250 гр сос од домати
  • Сол, црн бибер, мајоран, и босилок.
  • Пармезан
  • Тестенини по желба (шпагети,тортелини,равиоли и слично)

Начин на готвење:

  1. Го рендаме кромидот во посебен сад за готвење, го додаваме ренданиот и сецкан морков.
  2. Пропржуваме на маслиново масло. Во истиот сад ги додаваме печурките и динстаме уште 5 минути на умерена температура.
  3. Потоа ги додадаваме печурките и месото кое е претходно зачинето со горенаведените состојки.
  4. Откако ќе се испржи месото ги додаваме семките и сосема малку бело вино (5 дл), како и сосот од домати. Се динста дополнителни 15 минути.

Се служи со пармезан и босилок, како и тестенини по желба кои се претходно сварени според упатството на кесичката.

Овие состојки се доволни за 4 лица.

Добар апетит!

singlepost_text