Оваа комбинација со готови вафли е на Ана која уште ја нарекува и слатка петка, поради миксот од 5 превкусни состојки кои се основа на овој превкусен десерт.
Состојки:
- 4 готови вафли
- 250 гр растопено чоколадо на пареа во кое се става малку масло
- шумско овошје
- мед
- џем
- еурокрем
Редењето и комбинацијата, како и количината на секоја од 5те состојки ја одбирате по ваш вкус. Сервирајте во пар и уживајте во љубовта 🙂