Gotvi.mk препорака за уште еден традиционален рецепт. Неодоливо вкусно јадење од кое нема насит. Уживајте во подготовката на буденик (пита) со урда по рецепт на Јелица.
Состојки:
- 1 кг наменско брашно
- 600 мл вода
- 1 коцка квасец
- 1 супена лажица сол
- 1 мала лажичка шеќер
Начин на готвење:
- Од состојките замесуваме тесто. Се дели на 6 топчиња кои ги расукуваме на корички.
- Коричките се премачкуваат со маргарин или свинска маст и се поклопува со друга коричка.
- На овој начин се прават три кори. Од секоја се прави голема кора која се става во плех претходно намачкан со масло за готвење, се попрскува со масло и се става урда.
- Постапката се повторува и со другите две кори.
- Се остава да нарасне, се сече на парчиња и се става да се пече 35-40 минути во претходно загреана фурна на 200 степени.
Готви со љубов 🙂