Брзи солени мафини

Брзи солени мафини

Никогаш немојте да фрлате храна. Наместо тоа, побарајте интересен рецепт кој ќе ви покаже како да направите вкусно јадење од состојките кои ги имате, а не знаете како да ги искористите. Еве еден таков рецепт кој ни го праќа Ана.

Состојки:

  • 1/2 бајат леб (три до четири денови)
  • 2 јајца
  • сол
  • 300 гр спанаќ
  • 125 гр сирење
  • 125 гр кашкавал

Начин на готвење:

  1. Лебот се сече на ситни коцки и се замешува со изматените јајца, како и со сите останати намирници кои се претходно иситнети на парчиња.
  2. Смесата се става во калап за мафини.
  3. Се пече помеѓу 20 и 25 минути на температура од 220 степени додека мафините не заруменат.

Наша препорака е да се јаде во комбинација со јогурт или павлака.

На здравје!

singlepost_text