Ако секаде кај што купувате леб, кроасан или кифла со маслинки ви фали некоја маслинка повеќе, Gotvi.mk има одличен домашен рецепт за вас.
Состојки:
- 1 кг брашно
- 30 гр квасец
- 30 гр сол
- 20 грама шеќер
- 570 мл млака вода
- 500-700 гр маслинки
- масло за готвење
Начин на готвење:
- Со брашното, квасецот, солта, шеќерот и водата замесете тесто.
- Оставете го тестото да стаса околу 40 минути.
- Во меѓувреме исчистете ги маслинките од семките и секоја маслинка исецкајте ја на неколку дела.
- Исцедете ги маслинките и ставете ги во посебен сад.
- Со рака истегнете го тестото и ставете го во подмачкан со масло за готвење сад за печење.
- Врз него нанесете ги сецканите маслинки. По желба можете да додадете и зденки или рендар кашкавал.
- Преклопете го тестото и повторно оптегнете го во истиот сад за печење. Внимавајте тестото да не се скине или да не маслинките да не го пробијат тестото.
- Оставете го тестото да стаса дополнителни 20 минути.
- Лебот се пече максимум 40 минути на температура од 180 степени.
- Десетина минути пред да го извадиме од печење, одозгора премачкуваме со масло, маргарин или путер. Врз кората ставаме непечени семки од тиква, сончоглед, соја и ленено семе.
Уживај и готви со љубов 🙂
Повеќе поврзани рецепти: