Охридски чомлек

Охридски чомлек

Ова вкусно јадење е традиционален дел од нашата кујна. Gotvi.mk препорака е да подготвите чомлек на охридски начин по рецептот на Соња. Еве како:

Состојки:

  • 2,5 кг мали кромидчиња
  • 1 кг јунешка кртина
  • 2 главици лук
  • 1/2 чаша вински оцет
  • 1/2 чаша вода
  • масло за готвење
  • сол, црн бибер и црвен пипер

Начин на готвење:

  1. Месото се сече на парчиња. Се чистат кромидот и лукот.
  2. Наредете ги во тава за печење по следниот редослед: ред кромид и лук, ред месо. Лукот треба да има тенка кора за да не се стопи.
  3. Се посипува со црвен пипер, црн бибер и сол.
  4. Додадете го винскиот оцет, водата и маслото за готвење.
  5. Тавчето се покрива и се пече 2-3 часа на 200 степени.

Готви со љубов 🙂

Прочитај поврзани рецепти:

Мусака на коцки

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

К’тмер со спанаќ и урда

Пача

Бујурди – топено сирење