Овој поинаков рецепт за лазањите на кои сме навикнати внесува вистинско освежување во домашната кујна. А, и многу поедноставно се готви. Еве како тоа го прави Биљана:
Состојки за бешамел сос:
- 5 лажици маргарин/путер
- 5 лажици брашно
- 1 литар млеко
- 1 шоља сос од домати
- оригано
Начин на готвење:
- Во голем сад за готвење ставете го путерот. Загревајте на средна температура.
- Откако путерот ке се стопи, додајте го брашното и мешајте.
- Постепено додавајте го млекото. Совет: млекото нека биде на собна температура еден час пред да го додадете.
- Постојано мешајте. Додајте го сосот од домати или свежо рендани домати.
- Додајте сол, црн пипер, оригано и други зачини по вкус. Мешајте додека не се згусне.
Состојки за пица лазањите:
- 500 грама кори за лазањи
- 800 грама кашкавал
- 500 грама шунка
- 250 грама печурки
- подготвениот бешамел сос
Начин на готвење:
- Во голема тава за печење рамномерно нанесете масло за готвење.
- Истурете малку од бешамел сосот. Врз него наредете го првиот слој од корите за лазањи.
- Во посебни садови изрендајте ги шунката и кашкавалот.
- Нанесете врз првиот слој третина од ренданите шунка и кашкавал. Рамномерно ставете ги врз целата површина сите сецкани и исцеде маринирани печурки. Полијте со бешамел сос.
- Нанесете втор слој од корите за лазањи. Наредете ја втората третина од ренданите шунка и кашкавал. Полијте со бешамел сос.
- Наредете го одозгора третиот слој од корите за лазањи и одозгора распоредете го рамномерно остатокот од шунката и поголем дел од кашкавалот. Полијте со бешамел сос.
- Наредете го четвртиот слој од корите за лазањи.
- Полијте одозгора со остатокот од бешамел сосот.
- Ставете ја тавата да се пече во загреана рерна на 180 степени додека не добијат румена боја.
- Десетина минути пред да ги извадите, нанесете го ренданиот кашкавал што ви остана по целата површина на пица лазањите и вратете ги да се печат.
Оваа количина е потребна за да направите голема тава лазањи. Доколку сакате да направите помалку, преполовете ја количината на сите состојки. Во подготовката ние користевме Пекабеско шунка и Дијамант масло за готвење.
За освежување можете да додадете и малку рендан морков, а доколку сакате поинаков шмек помеѓу корите додајте и неколку цели парчиња шарен бибер во зрна.
Готви со љубов 🙂
Добар апетит!