Пржена урда со сланина

Пржена урда со сланина

Еден од највкусните оброци за наутро, кој е доволно калоричен за да ве држи сити до ручек. Погледнете што ви е потребно за да го подготвите.

Состојки:

  • 500 грама урда
  • 2 јајца
  • 2 лути пиперки
  • 100 грама сланина

Начин на готвење:

  1. Најпрвин ставете ги сланината исецкана на коцки и сецканите пиперки на силен оган да се запржат додека не станат крцкави. За овој рецепт употребивме сланина од Пекабеско.
  2. Додадете ја урдата во истиот сад со сланината и пиперките и запржете 5-8 минути на силен оган. Доколку користите вок тава не мора да користите масло за готвење, но по избор можете да додадете малку маслиново масло.
  3. Во истиот сад за пржење додадете ги јајцата. Пржете додека урдата не добие жолтеникава боја.

Вкусот на урдата измешан со сланина и лута пиперка е неверојатен, мацкајте со парче леб испечено на тостер со мерак J

На здравје!

singlepost_text