За многумина вистински специјалитет и омилено јадење. Еве како да подготвите вкусен џигер.
Состојки:
- 600 грама џигер
- магдонос
- 1 кромид
- 2-3 чешниња лук
Начин на готвење:
- Измијте го џигерот (комбинација на црн и бел) убаво и исецкајте го на парчиња.
- Ставете го во длабок сад да изврие околу 30 минути и потоа ставете го во тава со малку вода, масло за готвење.
- Посолете го и по избор додадете црн пипер и ситно сецкан кромид, како и малку лукче.
- Оставете го да се пржи на среден оган се додека не испари водата.
- Потоа ставете го на тивок оган 5 минути додека да се зацрвени. Додадете и магдонос за малку арома и за да добие подобар вкус.
Добар апетит!