Џигер

Џигер

За многумина вистински специјалитет и омилено јадење. Еве како да подготвите вкусен џигер.

Состојки:

  • 600 грама џигер
  • магдонос
  • 1 кромид
  • 2-3 чешниња лук

Начин на готвење:

  1. Измијте го џигерот (комбинација на црн и бел) убаво и исецкајте го на парчиња.
  2. Ставете го во длабок сад да изврие околу 30 минути и потоа ставете го во тава со малку вода, масло за готвење.
  3. Посолете го и по избор додадете црн пипер и ситно сецкан кромид, како и малку лукче.
  4. Оставете го да се пржи на среден оган се додека не испари водата.
  5. Потоа ставете го на тивок оган 5 минути додека да се зацрвени. Додадете и магдонос за малку арома и за да добие подобар вкус.

Добар апетит!

singlepost_text