За да го подготвите овој вкусен деликатес, се што ви е потребно е квалитетно биено сирење и добро исчистена скара на жар.
Состојки:
- 200 грама биено сирење
- 10 грама маслиново масло за готвење
- оригано
- црн пипер
- домати
Начин на готвење:
- Исечете го сирењето по должина, а да биде дебело колку два прста.
- Врз сирењето полијте маслиново масло и потоа додајте малку бибер и оригано.
- Оставете го сирењето на скарата да се пече по 3 минути на секоја страна и на крај ќе добиете превкусен деликатес и совршено мезе кое можете да го сервирате со сочен домат.
На здравје!