Готвењето ручек е вистинска уметност. Gotvi.mk за денес ви препорачува да подготвите вкусен и здрав ручек со пилешко и брокула.
Состојки:
- 500 грама пилешки стек
- сенф
- бело вино
- сол
- зачини
- 200 грама брокула
- масло за готвење
- 4 супени лажици соја сос
Начин на готвење:
- Исечете го пилешкото месо на парчиња и ставете го посебен сад со маринада составена од малку сенф, бело вино, сол, црн бибер и маслиново масло.
- Промешајте го месото и оставете го да отстои 30 тина минути во приготвената маринада.
- Потоа ставете го пилешкото месо во сад за готвење во кој ќе додадете малку вода, како и преостанатата маринада.
- Оставете го да се динста околу час и половина за да се свари месото.
- Во меѓувреме, во друг сад со вода ставете брокула исецкана на помали парчиња и оставете ја неколку минути да се свари на тивок оган.
- Откако ќе бидат готови пилешкото месо и брокулата, ставете ги во тавче со загреано масло да се пропржат заедно околу 10 тина минути.
- Пред да ги тргнете од огнот додадете 4 супени лажици соја сос и убаво промешајте.
Повеќе рецепти со пилешко месо тука
На здравје!