Домашна пита со праз и сирење

Домашна пита со праз и сирење

За сите кои се љубители на пита по домашен рецепт. Нема ништо попривлечно од мирисот на тазе печена пита кој се чувствува низ целиот дом. Овој рецепт кој ни го праќа Леа е вистинско уживање.

Состојки за корите:

  • 600 грама брашно
  • 300 мл. млака вода
  • 1 мала шоља масло за готвење
  • 1 лажичка сол
  • 1 јајце
  • маргарин

Состојки за филот:

  • 3 парчиња праз
  • 4 јајца
  • 500 грама сирење
  • сол

Начин на готвење:

  1. Се замесува тестото од брашно, млаката вода, маслото за готвење, сол и јајце. Тестото треба да биде многу меко.
  2. Се дели на два дела. Од едниот дел се сука кора и се премачкува со изматен маргарин.
  3. Се сече кората на 14 краци кои потоа се редат, преклопуваат еден врз друг.
  4. Вака подготвеното тесто се остава во фрижидер додека од вториот дел на тестото се изработува нова кора на истиот начин.
  5. Се подготвува фил од праз, јајца, сирење и по потреба сол. Најпрво ситно сецканиот праз се пропржува, а изматените јајца и сирењето се додаваат на испржениот праз.
  6. Тавчето се премачкува со зејтин.
  7. Се сука првата кора малку поголема од тавчето, а филот се распоредува низ целата кора.
  8. Потоа се сука втората кора, која треба да биде поголема од првата и се става врз филот релјефно/во бразди.
  9. Горната кора се пропрскува со зејтин.
  10. Се пече 10 минути на температура од 250 степени. Потоа продолжуваме со печење на температура од 200 степени додека не се испече целосно.
  11. По печењето питата се покрива со хартија и сува крпа.

На здравје!

singlepost_text