Џиновска блага палачинка

Џиновска блага палачинка

Денеска е Светски ден на бракот. Gotvi.mk препорака за одбележување на овој ден е џиновската блага палачинка. Се готви многу едноставно и секој член на семејството може да ја подготви како одлично изненадување.

Сосотојки:

  • 3 јајца
  • сол
  • шеќер
  • 300 мл. млеко
  • 9 големи лажици брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • Масло за готвење
  • Еурокрем, мед или џем по избор

Начин на подготовка:

  1. Јајцата се матат пенасто со миксер. Во текот на матењето додаваме малку сол и малку шеќер.
  2. Во смесата се додаваат брашното, млекото и ванилиниот шеќер.
  3. Во сад за печење се додава тенок слој масло за готвење и се става да се загрее на температура од 200 степени.
  4. Во загреаниот сад се додава подготвената смеса за палачинка. Се пече 20 минути на температура од 180 степени.
  5. Се остава да се излади и потоа се филува по желба. Потоа се витка како ролат и се посипува со рендана чоколада или, пак, цимет, ореви мелени и слично по избор.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Солени палачинки

Палачинките на Леа

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка