Крем карамел

Крем карамел

Омилен десерт, особено на повозрасните генерации. Но, овој рецепт кој ни го испрати Леа со сигурност ќе ги натера и помладите да го стават крем карамелот на својата fave листа на десерти.

Состојки:

  • 1 литар млеко
  • 6 јајца
  • 16 големи лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер

Нечин на подготовка:

  1. Карамелот се прави со 10 големи лажици шеќер. Во посебен сад постепено се растопува шеќерот додека да добие златно жолта боја.
  2. Со по 1 лажица од карамелот се премачкуваат 10 шољи од огноотпорно стакло или керамика. Прво премачкајте го дното на шољата, а потоа и ѕидовите.
  3. Во друг сад загревајте го млекото со останатите 6 големи лажици шеќер и пакувањето со ванилин шеќер.
  4. Посебно сматете 6 јајца и додадете ги во веќе подготвеното млеко. Внимавајте млекото да не биде жешко, туку на средна температура, бидејќи во спротивно ќе се засират.
  5. Со вака подготвената смеса наполнете ги карамелизираните чаши.
  6. Полните чаши ставете ги во тавче во кое има веќе загреана вода и печете 25 минути на температура од 200 степени.
  7. Извадете ги чашите и оставете ги да се оладат. Потоа ставете ги да отстојат во фрижидер помеѓу 20 и 30 минути.
  8. Изберете чинии за сервирање и во секој од нив превртете по една шоља со што крем карамелот ќе се одвои и постави во посакуваниот облик на самата чинија. Чинијата можете да ја украсите со остатокот од карамелот.

На здравје!

singlepost_text