Брза салца со праз

Брза салца со праз

За сите оние кои уживаат во вкусот на домашна салца и праз. Се подготвува многу едноставно и е вистинско освежување за време на ручек или како предјадење.

Состојки:

  • 3 домати
  • 1 пиперка
  • 1 мало праче кромид
  • магдонос
  • 1 парче праз
  • маслиново масло
  • црн пипер
  • сув босилек

Начин на подготовка:

  1. Доматите се рендаат или блендираат и се ставаат во сад да се варат.
  2. Откако ќе почнат да вријат се додаваат парчињата ситно сецкана пиперка и ситно сецканиот кромид.
  3. Пред да го тргнете од шпорет, во сосот од домати додадете и ливчиња магдонос по желба.
  4. Празот исецкајте го на тркалца.
  5. Во сад за сервирање ставете го сосос од домати и додадете ги парчињата праз. Зачинете со малку маслиново масло, сол, црн пипер и сув босилек.

На здравје!

singlepost_text