Виенската шницла е еден од австиските специјалитети кои се многу познати и прифатени во нашата земја. Gotvi.mk ви го открива традиционалниот рецепт за подготовка на ова јадење.
Состојки:
- 600 грама телешка шницла
- 2 јајца
- 150 грама брашно
- 200 грама презла
- масло за готвење
- зачини по желба
Начин на подготовка:
- Месото исечете го на 4 парчиња. Убаво исчукајте го секое парче додека не ја добиете посакуваната дебелина. Ова може да побарате да го направат за вас и во најблиската месара или маркет.
- Рамномерно посолете ги парчињата месо и оставете ги малку да отстојат.
- Во посебен сад ставете ги јајцата и изматете ги со вилушка.
- Во други два сада ставете ги брашното и презлата.
- Секое парче прво го поминувате од двете страни во садот со брашно, потоа во садот со изматените јајца и на крај во презлата.
- Месото ставете го да се пржи во загреано тенџере со масло за готвење помеѓу 3 и 5 минути.
- Секое парче пржете го од двете страни, а откако ќе се испржи оставете го неколку минути да се исцеди.
Можете да гарнирате со компир салата, помфрит, тартар сос и слично, но во чинијата за сервирање задолжително додадете парче лимон и малку магдонос.
На здравје!