Крем чорба од тиква и компири

Крем чорба од тиква и компири

За сите љубители на вкусните чорби, денешна препорака на Gotvi.mk е да ја зготвите крем чорбата од тиква и компири. Брзо се подготвува, а има одлична хранлива вредност. Рецептот и фотографијата ни ја испрати Сања Митева.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 3 чешниља лук
  • 400 грама исчистена бела тиква
  • 1 поголемо парче компир
  • 1 дл. павлака за готвење
  • 1,5 литар зеленчукова супа
  • мешан зачин
  • црн пипер
  • масло за јадење

Начин на подготовка

  1. Кромидот и лукот се сецкаат ситно.
  2. Исчистената тиква се ренда на покрупно ренде, компирот се лупи и се сече на покрупни коцки.
  3. На малку масло се пропржуваат кромидот и лукот, а потоа се додаваат компирот и тиквата. Се додава зеленчуковата супа и се вари уште 20 минути на умерена температура.
  4. Омекнатиот зеленчук (компирот и тиквата) се цеди и со малку течност од варењето се става во блендер.
  5. Зеленчукот се врака во супата во која се вареше. Доколку сакате чорбата да биде поразредена се додава малку вода.
  6. Се додаваат зачини по желба и чорбата се вари додека да зоврие.
  7. Во готовата чорба се меша павлаката за готвење.

На здравје!

singlepost_text