Сосема ново доживување и вкус на традиционалната пита со јаболка. Мафин питата е неодолуво вкусна, но и одлична за сервирање на трпеза кога ќе ви дојдат гости или имате некој свечен фамилијарен ручек.
Состојки:
- 4 готови кори пресечени на 3 дела
- Шеќер во прав
Состојки за подготовка на филот
- 3 рендани јаболка
- 1 белка
- 2 лажици шеќер
Начин на подготовка:
- Корите се сечат на 3 дела.
- Се подготвува филот за кој е потребно да се измати белката со 2 лажици шеќер се додека не се добие шлаг. Во филот се додаваат ренданите јаболка и убаво се промешува. Може да додадете и цимет по желба.
- Секој дел од кората се премачкува со масло за јадење и растопен путер.
- На корите им се додава рамномерно од филот, а кората се превиткува на половина. Потоа се витка во форма на полжав.
- Така свиткана секоја кора се става во претходно подмачкан со маргарин калап за мафини.
- Се пече во загреана рерна околу 20 минути на температура од 180 степени.
- Кога ќе се испече, врз мафин – питата се посипува шеќер во прав.
На здравје!