Комбинирањето на состојки за свежа салата е вистинска уметност. Егзотичната салата е вистинска витаминска бомба, ќе ве држи сити подолго време и е прав мелем за очи.
Состојки:
- Кинеска салата
- Марула
- Бејби спанаќ
- Пченка (свежа сварена или од конзерва)
- Маслинки
- Ореви
- Биено сирење
- Манго
Направете го балансот од состојки како што најмногу ви одговара и зачинете по сопствен вкус.
На здравје!