Викенд кајгана со сланина

Викенд кајгана со сланина

Појадокот е најважниот оброк во текот на целиот ден. Тој дава енергија и ве држи сити подолг временски период. За денес ви предлагаме да подготвите кајгана со сланина.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 50 грама сланина
  • 100 грама кашкавал
  • свеж магдонос
  • зачини по вкус

Начин на подготовка:

  1. Сланината ситно ја сецкаме на коцки. За овој рецепт употребивме Пекабеско сланина
  2. Кашкавалот ситно го сецкаме или го рендаме на покрупната страна од рендето
  3. Јајцата ги матиме во посебен сад, ги посолуваме и додаваме бибер по желба
  4. На загреано масло во тава ја пржиме ситно сецканата сланина
  5. Потоа го додаваме кашкавалот за да се стопи
  6. Во истиот сад ги додаваме и изматените јајца
  7. Кога омлетот е готов наросуваме оригано и свеж магдонос

Одлично е во комбинација со парче леб и чаша јогурт. На здравје!

singlepost_text