Увијач ала Пекабеско

Увијач ала Пекабеско

Вкусен увијач, збогатен со разновидни состојки. Вистинско зимско јадење и гурманско доживување

Состојки:

  • 500 грама пилешки стек или свинско филе
  • 150 грама Пекабеско шунка
  • 150 грама ајдамер Амерланд
  • Тенко сечена Пекабеско сланина
  • Сол, црн бибер и други зачини по вкус
  • Сенф по вкус

Начин на подготовка:

  1. Пилешкиот стек или свинското филе се чукаат и се зачинуваат по вкус.
  2. Се остава 10 минути па потоа на секое парче месо се додава по 1 парче кашкавал и ситно сецканата шунка.
  3. Потоа секој увијач се витка во ролна и се обвиткува со парче сланина.Со помош на чепкалки или готварски конец се врзуваат краевите.
  4. Увијачите се печат се додека не поруменат.
  5. Се послужуваат со тартар сос, компири или гарнир од замрзнат зеленчук.

На здравје!

 

 

 

singlepost_text